Мауро Икарди се најде на листата на кандидати за настап вечерва против Лајпциг, но напаѓачот на ПСЖ деновиве не тренира и преокупиран е со решавање на голем личен проблем откако неговата сопруга Ванда реши да го напушти поради наводно неверство.
Икарди се обидува да си ја врати жената со која има две деца, а претходно му ја „украде“ на својот некогашен пријател Макси Лопес, со кого Ванда има три деца.
Ванда Нара со децата замина во Милано и засега нема намера да му прости на Мауро, кој остана во Париз, а тој се обидува да си го спаси бракот и да не му се растури семејството. Најновиот потег на Икарди е закана до Ванда дека ако не му се врати, тој ќе го раскине договорот со ПСЖ. Ванда не само што му е сопруга, туку му е и и менаџерка на Икарди, па во случај на предвремен раскин на договорот, менаџерката ќе треба да плати отштета од неколку милиони евра.