Страшни ножички на Адурис ја пресекоа Барселона (Видео)

Ариц Адурис постигна прекрасен гол за ножички и уште еднаш потврди дека е гол-мајстор, а со неговиот погодок во 89. минута Атлетик Билбао ја победи Барселона со 1:0.

Покрај потегот на мечот на одличниот напаѓач на домаќините, заслуги за победата има и стратегот на Атлетик Гаизка Гаритано, кој го внесе во игра Адурис во 88. минута и само 60 секунди потоа легендата на клубот постигна страшен гол.

https://twitter.com/Zwode4/status/1162467286567018502?s=20

Адуриз воедно го постигна и првиот гол во новата сезона, бидејќи дуелот меѓу Атлетик и Барселона на „Сан Мамеш“ беше премиерен во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести