Страшни се фотографиите што покажуваат каква е повредата која ја заработи во победата над Аргентина

Саудиска Арабија сензационално ја победи Аргентина со 2:1, а мечот во финишот стана кошмарен за Јашер Ал Шерани. Репрезентативецот на Саудиска Арабија заработи тешка повреда по еден судир со сопствениот голман, кој беше во обид да исфрли една топка од шеснаесетникот.

При таа интервенција, голманот на Саудиска Арабија во полн трк со коленото го удри Ал Шерани директно во лице. Несреќниот фудбалер остана неподвижен да лежи на тревата и мораше да биде изнесен со лекарска помош и пренесен во болница.

Шокантни се фотографиите од рендгенот направен на лицето на Ал Шерани. Рендгенот покажа дека фудбалерот заработил скршена вилица и скршена коска на лицето. Поради сериозноста на повредите, фудбалерот е пренесен во Германија на дополнителни прегледи. За Ал Шерани заврши Светското првенство, а некои коментари се дека можеби ова е и крај на неговата фудбалска кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести