Страшно: Полицаец во локва крв беспомошно лежи откако беше погоден со камен во глава (Видео)

Мечот меѓу Универзитатеа Клуж и Херманстад, кој одлучуваше за тоа кој клуб ќе игра во Првата романска лига, остана во сенка на големиот инцидент. Херманстад победи со 2:0 и на тој начин обезбеди место во елитата, а фановите на Универзитатеа не можеа да го прифатат поразот.

Петреску во 79-тата минута даде гол за 1:0 за гостите, а тогаш на трибината каде што беа најверните навивачи на тимот од Клуж, започна дивеењето. Дел од навивачите сакаа да влезат на теренот, па реагираше полицијата. Во еден момент од трибината започнаа да летаат многу тврди предмети, а во еден момент, еден полицаец падна и остана да лежи на земјата, и тоа облеан во локва крв.

Полицаецот беше погоден со камен во глава, а од силината на ударот ја загуби и свеста. Веднаш реагираа лекарите и полицаецот беше хоспитализиран, а според информациите, се наоѓа надвор од животна опасност.

- Оглас -

Најнови вести