Страв на „Сент Мери“: дрон слета среде премиерлигашки меч, дуелот е прекинат! (Видео)

Натпреварот од англиската Премиер лига помеѓу Саутхемптон и Астон Вила е прекинат, затоа што на играчите над глава им леташе дрон.

По појавувањето на леталото, судијата веднаш ги повика фудбалерите на двата тима да заминат кон соблекувална.

Во денешно време кога дронови се користат во војни и во терористички акции, судијата постапи според правилата. Прекинот беше во финишот на првото полувреме при резултат 0-0, а средбата продолжи после пауза од десетина минути.

- Оглас -

Најнови вести