Стравот лозје чува – Судијата се исплаши од пратеник во парламент и свирна пенал што не постоеше (Видео)

Фудбалерите на Ал-Кувајт во драматичен меч со 11 минути судиско продолжение го победија Ал-Сахел со 3:2 во плејофот за титулата во Кувајт, но мечот ќе биде запаметен по веројатно и најлошата одлука во ерата на ВАР-системот.

Сопственик на Ал-Кувајт е Калид ал Ганим, пратеник во парламентот на оваа земја. Тој реагираше бурно кон судијата за да не проверува со помош на модерната ВАР-технологија, а арбитерот потоа се посрамоти.

Иако беше видливо дека гостинскиот играч одглуми дека е фаулиран во шеснаесетникот на домаќините, судијата остана на одлуката да досуди пенал, иако ја провери спорната ситуација со помош на ВАР-системот.

Јусуф Насер сигурно погоди од белата точка и му донес победа на Ал-Кувајт со гол во 101-вата минута, но ќе се памети контроверзната одлука на кувајтскиот судија, веројатно и најлоша и најсрамна, откако се користи модерната ВАР-технологија во фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести