Стрелаше против Македонија на ЕП, па си обезбеди трансфер во Бенфика

Роман Јаремчук е нов играч на Бенфика, за кого лисабонските Орли исплатија 17 милиони евра на Гент, а тој стави потпис на петгодишен договор до јуни 2026 година.

Украинскиот голгетер беше еден од стрелците за својата селекција во победата од 2-1 над Македонија во второто коло од групната фаза на ЕП. Тоа му беше 10-ти гол за Украина во 29-тиот настап, потврдувајќи ја успешната сезона во дресот на Гент за кој постигна вкупно 23 гола на 43 меча.

Претходно се поврзуваше со трансфер во Премиер лигата, заинтересирани беа Арсенал и Вулверхемптон, но Јаремчук се одлучи да игра во Португалија каде што ќе биде прв напаѓач на Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести