Строги се правилата во ракометот – Настрада голманот на Холандија, црвен картон за капитенот на Германија (Видео)

Строги се прваилата во ракометот, особено за ситуации што во други спортови не се казнуваат со исклучување. Вчера на премиерниот ден од Европското првенство настрада капитенот на Германија, Уве Генсхајмер, кој беше исклучен во 16-тата минута.

Крилото на еден од фаворитите за титулата го погоди директно во глава голманот на Холандија, изведувајќи седмерец, и веднаш му беше покажа директен црвен картон. Тоа се случи во 16-тата минута од мечот што Германците го добија со 34:23.

Голманот на Лалињата, Барт Равенсберген, падна како покосен бидејќи ударот беше силен, но потоа Генсхајмер му се извини иако кај судиите немаше дилеми и не доби попуст.

„Често шутирам пенали во висина на рамото на голманите и свесен сум дека постои ризик да ги погодам во глава. Немав никаква намера да го повредам Барт и веднаш му се извинив. Добро е што победивме, им благодарам на соиграчите и им се извинувам што бев исклучен“, вели едно од најдобрите крила во историјата на ракометот.

- Оглас -

Најнови вести