Струга блиску до плејофот: црвен картон за Радески, две минути подоцна гол на Ибраими (Видео)

Македонскиот првак Струга Трим Лум води со 1-0 на гостувањето кај Есперанж во Луксембург во квалификациите од Конференциската лига, иако од 15-тата минута има играч помалку на теренот по исклучувањето на напаѓачот Марјан Радески, кој доби директен црвен картн за еден старт.

Шокот за стружани беше голем, но само две минути откако останаа без Радески, Бесарт Ибраими погоди со глава за 1-0. Голот на Ибраими погледнете го ТУКА.

Струга вкупно има предност од 4-1 против Есперанж и многу е блиску до пласман во плејофот за влез во групите во Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести