Струга гази кон титулата, Скопје е блиску до баражот, а Победа испадна во втората лига

Полека, но сигурно многу работи стануваат појасни во Македонското фудбалско првенство. Екипата на Струга Трим Љум на убедлив начин стигна до победата во Штип, откако ја декласира Брегалница со 3-0. Головите за лидерот ги постигнаа Христијан Малески, Бесарт Ибраими и Зија Мерџани.

Стружани сега се на само четири бодови од историската титула во Македонскиот шампионат, кои ќе треба да ги освојат на следните три натпревари, против Силекс дома, Шкендија на гости и Шкупи на домашен терен.

Двократниот Македонски шампион, екипата на Победа од Прилеп, после домашниот пораз од Скопје и официјално испадна во второлигашката конкуренција. Тимот од Автокоманда победи со 0-4 и во најмала рака го има обезбедено баражот за опстанок, но заостанува само четири бодови од Академија Пандев и до крајот на првенството ќе се обиде да дојде и до директен опстанок.

Победа забележа и екипата на Шкупи и тоа во директниот дуел за третата позиција на гостински терен во Кратово, против Силекс со 0-2. Головите на овој натпревар ги постигнаа интернационалците од Јамајка и Костарика, Цефас и Алварез.

Работнички го доби дуелот во Кавадарци, кој немаше никакво резултатско значење, против Тиквеш со 1-3.

На табелата Струга е прва со 59 бодови, пет повеќе од Шкендија и седум повеќе од Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести