Струга и Македонија Ѓ. П. го отвораат последниот дел од сезоната во ПМФЛ

Со дуелот Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров во 12 часот стартува третиот круг во Првата македонска фудбалска лига и тоа ќе бидат 11 кола во кои ќе се решава кој ќе биде првак, кој оди во Европа, кои три тима ќе испаднат директно и кои два ќе играат бараж за опстанок во елитното друштво.

Стружани се трети на табелата и секако се фаворити за победа против Лавовите, тоа го потврдуваат и квотите во Sport Life. Летоска во август, Струга дома ја победи Македонија Ѓ.П. со 2-0. Лавовите од Ѓорче се деветти, позиција која води во бараж, но имаат само два бода повеќе од Пелистер кој е загрозен од директна преселба во Втора лига.

Попладнево од 14.30, Вардар е домаќин на Брера Струмица. Струмичани се многу поопасни на гости отколку дома, а и во првиот дел од сезоната го покажаа тоа кога за малку испуштија победа против Црвено-црните во Скопје, тогаш беше 2-2. Вардар е прв со три бода повеќе од Шкендија и не смее да си дозволи кикс. Брера е на седмо место кое носи опстанок, но секој бод им е добредојден бидејќи лесно може да паднат во зоната на табелата која води во бараж за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести