Струга изгледаше светски, Дарио Ивановски ја зачини Трката на поезијата со нов рекорд (Фото)

Струга изгледаше светски на мапата на љубителите на трчањето и одлично ја организираше Трката на поезијата, а за шлаг на тортата се погрижи нашиот најдобар преставник на долги стази, Дарио Ивановски, со нов рекорд на 10 километри.

Дарио победи без многу мака и постави нов рекорд со време од 30 минути и 31 секунда.

Втор трката ја заврши Атанас Анчевски, а место на подиумот имаше и за Димитар Петровски.

Кај дамите Билјана Кираџиева, нашата позната атлетичарка прва ја мина целта на 10 километри, а одличен успех забележаа и второпласираната Миљана Ристиќ и Весна Кираџиева на третото место.

На двојно покусата патека на 5 километри во женска конкуренција победи Мери Шешо, пред Билјана Сивева и Бојана Наумовска.

На истата трка на 5 километри кај мажите најбрз беше Кристијан Наумовски, пред Григоријан Никовски и Стојче Петровски.

На веќе традиционалната Трка на Поезијата во Струга трчаа над илјада учесници.

- Оглас -

Најнови вести