Струга ТЛ не запира иако веќе ја освои титулата, славеше во дербито против Шкендија 

Фудбалерите на Струга Трим Лум продолжуваат со одличните игри иако во минатото коло ја освоија титулата и денеска славеа во дерби-пресметката против Шкендија.

Стружани победија со 2:1, и тоа со пресврт. Шкендија поведе со голот на Шала во 58-мата минута, но Струга ТЛ со двата гола на Шабани во 79-тата и 84-тата минута дојде до триумф. Работата им ја олесни исклучувањето на Рамадани во 69-тата минута.

Сега веќе поранешниот шампион Шкупи со двата гола на Адетунџи и на Адем ја победи Македонија ЃП со 3:0 и се зацрвсти на второто место на табелата со 58 бода, четири повеќе од Шкендија.

Силекс и Тиквеш ја оправдаа фаворитската улога и славеа со 2:0 над Работнички, односно со 4:0 нас Скопје. Единствениот натпревар од 32-рото коло во Првата фудбалска лига кој заврши без победник (1:1) беше тој меѓу Брегалница и Академија Пандев.

Резултати:
Брегалница – Академија Пандев 1:1
Шкендија – Струга ТЛ 1:2
Шкупи – Македонија ЃП 3:0
Силекс – Работнички 2:0
Тиквеш – Скопје 4:0

Табела: Струга ТЛ 65, Шкупи 58, Шкендија 54, Силекс 47, Македонија ЃП 39, Брегалница 38, Тиквеш 37, Работнички 37, А. Пандев 27, Скопје 22, Победа 13.

- Оглас -

Најнови вести