Струга Трим Лум денеска може да стане шампион на Македонија (Фото)

Денеска може да биде историски ден за фудбалот во Струга, клубот Струга Трим Лум кој постои само осум години, може да ја обезбеди својата прва шампионска титула во Првата македонска фудбалска лига.

За да ја прослават титулата уште денеска, на стружани во мечот од 17 часот им треба победа над Силекс, и Шкендија да не победи на Чаир против Шкупи.

Струга е на четири бода од титула без да зависи од другите резултати, но има тежок распоред, после дуелот со Силекс, им следува гостување кај Шкендија и меч дома со Шкупи, па ако денеска не обезбедат титула, може да има драма во финишот на сезоната.

Според квотите во Sport Life, на сите пет меча кои се играат денеска во македонското првенство, фаворити се домашните и ако нема изненадувања, Струга би можела да ја прослави титулата.

- Оглас -

Најнови вести