25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Струмичани славеа на „Градски“, немоќниот Вардар потона на дното по новиот пораз

Брера Струмица му го нанесе осмиот пораз на Вардар сезонава во Првата македонска фудбалска лига. Струмичани победија со 1-0 со голот на Ивковиќ во 19-тата минута и го симнаа најтрофејниот македонски клуб на последно место на табелата, со оглед на тоа дека Воска спорт освои три бода против Шкупи и ги прескокна Вардар и Тиквеш.

Лидерот Работнички водеше, но освои „само“ бод во Кратово, во дербито против третопласираниот Силекс, а тоа го искористи Шкендија, која со триумфот над Беса дојде само на бод негатива зад Работнички.

Задоволен може да биде и Пелистер, кој остана непоразен против Гостивар. За битолчани ова беше дури седмо реми во 12 кола сезонава, а четврто по ред.

РЕЗУЛТАТИ: Гостивар – Пелистер 0-0, Шкендија – Беса 2-1, Силекс – Работнички 1-1, Тиквеш – Струга 0-1, Вардар – Брера Струмица 0-1, Воска спорт – Шкупи 3-1.

 

- Оглас -

Најнови вести