Струшко селфи за историја (Фото)

Со победата над Будуќност во Подгорица, фудбалскиот клуб Струга Трим Лум кој е формиран пред само осум години, испиша нова убава страница од својата историја.

Ова беше прва европска победа за Струга, и првпат во европските купови се пласираа во следна рунда, елиминирајќи некој противник.

Марјан Радески и Бесарт Ибраими беа стрелци на головите кои го донесоа успехот, но целиот тим има заслуга за победата. После мечот во Подгорица, радоста во редовите на македонскиот првак беше разбирлива, а за спомен беше направено и првото победничко европско селфи.

- Оглас -

Најнови вести