Стружанец погоди шест пара и стигна скоро до милионче во Sport Life (Фото)

Стружанец ја искористи можноста од богатата понуда на игри на Sport Life со најразлични комбинации и успеа со шест погодени парови, сите со ист тип, да си ќари фантастични 960.065 денари во бруто-износ.

Малку фалеше за нов милионер во Sport Life, но и вака добивката е огромна на тикет што е уплатен со 2.000 денари.

ИГРАТА Е КАКО ХЕТ-ТРИК, КОГА ИМА ГОЛОВИ ВО 94-ТАТА МИНУТА, ДОБИВКАТА НЕМА КАДЕ ДА БЕГА

Играта е многу интересна и треба да се погодат три варијанти, конечен исход и голови во прво и во второ полувреме, што е ризично, но на мајсторот со уплатен тикет на обложувачкото место Струга 3 му се исплатеше со добивка од скоро милион денари.

Стартот на натпреварите, а ги има шест на тикетот, беше одличен, а и Марибор и Арка Гдиња победија со по 3:0 и постигнаа и голови во двете полувремиња, па 2&1+I&1+II во Словенија и 1&1+I&1+II излегоа како под конец.

Возбудливо потоа беше на два меча што се играа во Белгија и во Франција. Гент поведе против Стандард во седмата минута, а вториот гол што беше неопходен за добитен тикет во Струга го постигна во 94-тата минута. И тука е типувано 1&1+I&1+II, а Јаремчук погоди за голема радост во четвртата минута од судиското продолжение.

И Пари Сен Жермен со идентичен резултат го победи Монако и го освои пехарот во Францускиот куп, а и сценариото од белгискиот меч беше слично.

Мбапе даде гол во првото полувреме, Икарди погоди во 81-вата минута, таман за погоден тип 2&1+I&1+II.

За добивка од речиси 13.500 евра во нето-износ, останаа уште два меча во Данска. И тука имаше драма, а Вејле со гол на гости против Алборг во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме исполни еден услов, а потоа домаќините се погрижија за комплетно погоден тип 1&1+I&1+II.

Алборг постигна два гола во второто полувреме и со пресврт победи со 2:1, а потоа и Копенхаген во меч со пресврти славеше против Митјиланд со 4:2 за идентично погоден последен натпревар на тикетот одигран со 1&1+I&1+II.

ЕКСТРЕМНИТЕ КОМБИНАЦИИ НОСАТ ГОЛЕМ ЌАР

Со три погодени натпревари, сите типувани со знакот ГГ&3+I и уплата од 500 денари, обложувач на уплатното место кај Зелениот пазар во Скопје си го пополни буџетот со 126.563 денари.

Играта е многу атрактивна со големи коефициенти, во случајов на добитниот тикет се движат од 6.00 до 6.75, а треба да има голови на двете страни до крајот на мечот и најмалку 3 погодоци во првото полувтреме.

Нордсјиланд и Рандерс во Данска набрзина, само за 16 минути стигнаа до резултат 2:1, со што веќе беше погоден првиот пар на тикетот.

Ефикасни беа и Левадија и Флора во естонското првенство со три гола во првиот дел, што ги постигнаа гостите и потоа уште три во продолжението од мечот, од кои два даде домаќинот за исполнет услов и на вториот меч на тикетот.

И Копенхаген и Митјиланд приредија голеада во првото полувреме со по два гола, за 2:2, што му донесе на обложувачот со добитен тикет уплатен на Зелен пазар во Скопје нето-добивка од околу 1.750 евра.

Играчот бил убеден во исходот на овие натпревари и тикетот го уплатил и како систем 2/3 на поголема сума, што му донесе дополнителни скоро 1.500 евра.

НАНИЖАНО КАКО ПОД КОНЕЦ, ЗАСЛУЖЕНО СИ ДОБИ 1.900 ЕВРА ВО SPORT LIFE

Во Ресен добитниот тикет што носи бруто-добивка од над 2.000 евра е одигран како под конец со погодени 12 фудбалски натпревари поделени во два дена.

Клучен за добивката испадна голот за сензација на „Олд Трафорд“ што го постигна Фулам за реми 1:1 против Манчестер јунајтед. Типувано е дека ќе има најмалку еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот меч.

Коефициентот не е голем, веројатно обложувачот очекувал рутинска победа на Црвените ѓаволи, а добивка му донесе испаднатиот Фулам.

И финалето на добитниот тикет е со два англиски дуели од Премиер лигата, а победите на Ливерпул против Барнли со 3:0 и на Вест хем како гостин во Бирмингам со 3:1 донесоа голема радост во Ресен и топ-добивка од околу 1.900 евра во нето-износ.

 

- Оглас -

Најнови вести