Сцена за восхит: Детенце кое боледува од леукемија бранеше против Борусија Дортмунд (Видео)

Сиетл саундерс е тим кој се натпреварува во МЛС во САД. Овој клуб вчера беше домаќин на Борусија Дортмунд во пријателски меч. Како што се очекуваше, германскиот бундеслигаш победи со 3:1, но резултатот беше во втор план. Главниот момент на мечот се случи на самиот почеток.

Домашниот тим неодамна потпиша краткотраен договор со осумгодишното детенце Бим Гојал, кој е голем фан на Сиетл, но и член на У-9 тимот. Бим веќе осум месеци се бори со опасната болест леукемија. Детенцето оди на хемотерапија и верува дека може да се избори против опасната болест.

Иако игра на позиција напаѓач, Бим за дуелот против Борусија застана на голот, за да дебитира за сениорскиот тим. Борусија го имаше првиот напад, а Бим успеа дури и да забележи една интервенција, иако помина само неколку секунди на теренот.

Веднаш потоа, Бим беше заменет и испратен од теренот со овации од трибинтие, но и од играчите на двата тима.

 

- Оглас -

Најнови вести