Суарес е незадржлив во Бразил, повторно блесна и даде два гола (Видео)

Легендарниот уругвајски напаѓач Луис Суарес, продолжува да восхитува со своите игри во својот нов клуб Гремио. Во победата на гремио со 3:0 против Аиморе, Суарес постигна два гола.

Најпрво погоди во 62 минута кога зголеми на 2:0, а потоа беше прецизен и пред крајот на средбата, за потврда на триумфот на фаворитот од 3:0.

Со овие два гола, Суарес стигна до бројката од седум погодоци во само шет средби одиграни за Гремио.

Едноставно суарес покажува дека уште има сила и квалитет да биде страв и трепет за противничките голови.

 

 

- Оглас -

Најнови вести