Суарес е повреден и наместо на пат за Уругвај, ќе оди на терапија

Луис Суарес има оток на коленото, повреда што ја заработи на дуелот меѓу Ателтико Мадрид и Вилјареал вчера и нема да патува за Уругвај.

Опасниот напаѓач беше заменет во 70-тата минута на дуелот со Жолтата подморница, што заврши нерешено 2:2 во возбудлив меч во Мадрид.

Суарес беше стрелец на првиот погодок за домаќините, но потоа се повреди, што ќе биде голем хендикеп за репрезентацијата на Уругвај.

Луис беше на списокот на селекторот Оскар Табарес, но, сепак, ќе ги прескокне трите септемвриски дуели на двојниот светски првак во јужноамериканските квалификации за Мундијалот во Катар.

Уругвај по шест кола со по две победи, нерешени и порази има 8 бода на четвртото место на табелата во конкуренција на 10 селекции.

Првопласираните четири директно ќе се пласираат за настап на Светското првенство во Катар следната година, а петтата ќе игра дополнителен бараж.

 

 

- Оглас -

Најнови вести