Суарес го провоцираше Манолас, тој му врати уште подрско (Видео)

Барселона убедливо го порази Наполи со 4-0, Луис Суарес беше човекот кој ја отвори гол-серијата во второто полувреме, но Уругваецот е познат и како голем провокатор кој во минатото знаеше и да ги гризе своите чувари.

Овојпат Суарес не отиде толку далеку, туку имаше вообичаено вербално препукување со дефанзивците на Наполи, а Гркот Манолас не му остана должен. Манолас кој летово дојде во Наполи од Рома, му покажуваше на Суарес три прсти, потсетувајќи на 10 април 2018 година, кога Рома со 3-0 ја победи Барса, и ја елиминираше од ЛШ, после триумфот на каталонците од 4-1 на првиот меч на „Камп Ноу“. Токму Манолас беше стрелец на третиот гол со кој каталонците беа елиминирани и Рома отиде во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести