Суарес има три опции за играчи кои може да го заменат во Барселона

Луис Суарес ја игра шестата сезона во Барселона, a Уругваецот знае дека во скоро време каталонсиот гигант ќе мора да најде замена за него. Суарес досега одигра 262 меча и даде 182 погодоци што е одличен биланс, но фактот дека во јануари ќе полни 33 години е најава дека ќе мора да го отстапи местото на помладите.

Самиот Суарес вели дека има три опции за тоа кој напаѓач може да го завземе неговото место на „Камп Ноу“.

„Првиот е Абрахам. Тој е играчот со бројот 9 во Челзи и изгледа како многу добар напаѓач. Многу е млад, а неговите движења му се одлични, а и завршницата му е одлична. Уште еден кој ми се допаѓа е Макси Гомес. Не само затоа што е Уругваец, туку и затоа што го има квалитетот кој го бара клубот за играч во нападот. Во триото има место и за Лаутаро Мартинез кој исто така покажува одлични перформанси и игра на фантастично ниво“, рече Суарес.

Барселона вечерва ја оечкува тежок предизвик на гостувањето во Мадрид, во дуелот против Атлетико. Ако сакаат каталонците да се вратат на првото место на табелата, ќе мора да ги освојат трите бода на „Ванда Метрополитано“.

 

- Оглас -

Најнови вести