Суарес: Имавме доволно трпение, не се предадовме

Барселона продолжи со одлични резултати во Лигата на шампионите на домашен терен со Ернесто Валверде на клупата. Има 11 победи и една нерешена на 12 меча, а синоќа против Интер јунак беше двојниот стрелец Луис Суарес.

„Ова е многу вредна победа бидејќи Интер ни е директен конкурент. Требаше да ги коригираме грешките од првото полувреме, знаевме дека ако продолжиме така и не смениме нешто, ќе загубиме. Имавме многу трпение и верувавме дека можеме да победиме. Моја задача е да давам голови или да асистирам. Никогаш не се предавам. Барселона е најдобриот тим на светот, мора да имаме правилен менталитет ако сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите“, изјави Суарес, кој по три години првпат даде два гола на еден европски меч.

Барса на свој терен има низа од 33 меча во ЛШ без пораз. Последен пат загубија од Баерн во 2013 година, кога им судеше Дамир Скомина, а синоќа се виде дека не било до Словенецот. Тој им судеше и во победата над Интер.

- Оглас -

Најнови вести