Суарес како стартер на Атлетико се враќа на „Енфилд“, Клоп подготви едно изненадување

Тренерите на Ливерпул и Атлетико Мадрид ги открија картите за вечерашниот дерби-дуел од Лигата на шампионите, а според почетните состави, може да се каже дека има едно големо изненадување.

На левата бековска позиција во Ливерпул го нема Робертсон, туку Гркот Цимикас. Во нападот го нема Фирмино, предност доби Жота. Кај Атлетико го нема Гриезман, а предводник на нападот е Суарес, кој е 22-ри стрелец во историјата на Ливерпул. За него, претходното гостување на „Енфилд“ како играч на Барселона не беше пријатно, но Атлетико има позитивна традиција на славниот стадион.

- Оглас -

Најнови вести