Суарес: Меси ќе биде среќен затоа што ние сме најдобри пријатели

Луис Суарес слободно може да биде прогласен за херојот во европскиот фудбал во сезоната која изминува.  Пред помалку од една година, Уругваецот беше во Барселона, но челниците на клубот одлучија дека тој е премногу стар за да игра во каталонскиот гигант и решија буквално да го избркаат. Суарес не сакаше да си оди, затоа што во Барселона се стекна со одлично пријателство со Лионел Меси, со кого и многу добро соработуваа на теренот.

Сепак, одлуката беше дека Суарес треба да си замине. Тогаш се појави Атлетико Мадрид како клуб кој сака да го купи Суарес и тоа за само шест милиони евра. Оваа сума е смешна ако се знае со каков квалитет располага голгетерот. На дадената доверба од Атлетико, Суарес возврати на најдобар можен начин. Постигна 21 погодок сезонава, а тој ги даде и двата најважни погодоци за победи во последните две кола.

„Тешка беше ситуацијата во која се најдов. Ме гледаа од висина и мораше да си заминам. Тогаш Атлетико ми даде шанса, ми ги отвори вратите. Имавме сјајна сезона, бевме најконстантни и заслужено сме шампиони“, рече Суарес кој не заборави да го спомене и Меси. „Меси ќе биде среќен за мене, затоа што ние сме пријатели“, констатираше играчот кој од непосакуван во Барселона се претвори во херојот на Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести