Суарес: Најубавиот гол во мојата кариера

Барселона нареди четири победи во шпанското првенство по поразот од Леванте на почетокот од ноември. Вчера на „Камп ноу“ лесно беше совладан тимот на Мајорка со 5-2, мечот во кој Меси ја прослави шестата Златна топка со хет-трик, но шоуто на Аргентинецот остана во сенка по мајсторијата на Луис Суарес.

Голгетерот на Каталонците го постигна за него најубавиот погодок во кариерата, а и ние може да се согласиме со Уругваецот бидејќи ваква „штикла“ тешко дека некој успеал да реализира, а уште потешко дека ќе се види уште еднаш во блиска иднина.

„Знаев дека немав добар агол за удар, па затоа шут со пета ми остана како единствена опција. За среќа убаво ја зафатив топката и така го постигнав најубавиот гол во мојата кариера“, вели човекот што брои над 400 погодоци за клуб и репрезентација.

Голот вреди да се види уште еднаш:

https://www.youtube.com/watch?v=LjP1CiwtMI8

- Оглас -

Најнови вести