Суарес оди на операција, го пропушта финалето во Купот на Кралот

Луис Суарес ќе мора да оди на операција откако се пожалил на повреда на менискусот од десното колено. Тоа значи дека Барселона ќе биде без Уругваецот во финалето од Купот на Кралот, каде што против Валенсија на 25 мај ќе се обиде да го освои вториот пехар за оваа сезона.

Зафатот е веќе закажан, по што на Суарес ќе му следува подолга пауза, така што закрепнување до крајот на овој месец е невозможно. Исто така, шпанските медиуми информираат дека Суарес најверојатно нема да биде подготвен ниту за Копа Америка, но од таборот на Барселона во наредните денови ќе потврдат колку ќе трае паузата на нивната „деветка“.

Континенталното првенство на Јужна Америка годинава ќе се одржи во Бразил и ќе трае од 14 јуни до 7 јули.

- Оглас -

Најнови вести