Суарес сака повторно да игра со Меси, но постои голем проблем за да се оствари неговата желба

Луис Суарес официјално е под договор со бразилскиот Гремио до крајот на 2024-тата година, иако неодамна тој најави крај на својата кариера. Сега славниот уругваец сака да се врати на фудбалските терени, но во екипата на за која ќе играат Меси, Бускетс и Алба, Интер Мајами.

Тој побарал од Гремио да го ослободи од обврските и да му дозволи да се пресели во САД, но од бразилскиот клуб не сакаат ниту да слушнат за такво нешто. Откупната клаузула за предвремен прекин на договорот е 70 милиони евра и Гремио ќе го ослободи само ако некој ја плати оваа сума.

Уругваецот мина шест години во Барселона заедно со Меси, а сега бразилскиот Гремио е пречката за убиствениот тандем на “каталонците“ да заигра повторно заедно, но овојпат во Интер Мајами.

- Оглас -

Најнови вести