Суарес сезонава постигна исто голови колку Гриезман, Брајтвајт, Кутињо и Дембеле заедно!

Атлетико Мадрид се врати на чело на табелата во шпанското првенство откако со 2:1 славеше на гостувањето кај Алавес. Јорганџиите до победата стигнаа благодарение на голот на Луис Суарес во 90 минута. За Суарес ова беше девети погодок сезонава, во 12 натпревар во дресот на тимот за кој потпиша пред почетокот на сезоната.

Суарес летоска беше принуден да си замине од Барселона, откако новиот тренер на Каталонците, Роналд Куман реши дека Уругваецот нема да му биде потребен во екипата. Куман цврсто стои на својот став, но статистиката кажува нешто друго.

До пред започнување на мечот на Барселона против Уеска, статистиката покажуваше дека деветте погодоци на Суарес се исто колку што до вечерва постигнаа Гриезман, Брајтвајт, Кутињо и Дембеле заедно за Барселона!

- Оглас -

Најнови вести