Луис Суарес со „златен гол“ кој може да вреди титула, ги шокираше фановите на Реал и Барса (Видео)

Атлетико Мадрид се извлече на гостувањето кај Алавес и победи со 2-1, со гол на Луис Суарес во 90-та минута, згаснувајќи ја надежта на Реал Мадрид и Барселона дека Јорганџиите во Виторија сепак ќе испуштат два бода во трката за титулата. Суарес има девет гола сезонава, но денешниот му е најважен.

Алавес со играч помалку изедначи на 1-1 со автоголот на Фелипе во 84-та минута, но Атлетико покажа карактер и шампионски менталитет, па во самата завршница селак ги освои трите бода со кои се враќа на првото место, а има и два меча помалку од градскиот ривал Реал.

Ова е голот на Суарес кој може да биде еден од клучните ако сезонава Атлетико стане шампион:

https://twitter.com/i/status/1345777541647392768

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести