Суарес со загадочна објава на социјалните мрежи

Останувањето на Лионел Меси во Барселона може да значи останување и на неговиот пријател Луис Суарес, а Уругваецот тоа можеби го најави со денешната објава на „Инстаграм“.

„Додека излегуваат лажни вести, јас се смеам“, порача Суарес.

Новиот тренер Роналд Куман не го сака Суарес и му рече дека може да си бара нов клуб. Куман преферира други напаѓачи како Мемфис Депај и Лаутаро Мартинес, но „грбот“ на Суарес му го штити Меси. Ако Меси ја добие битката со Куман, нема да биде изненадување и Суарес да остане во каталонскиот тим, иако се зборува дека неговиот трансфер во Јуве е договорен.

Суарес во понеделникот требало да полага италијански јазик за да добие пасош и во Јуве да игра како домашен, но веќе неколку дена се молчи и нема никакви нови информации околу тоа.

- Оглас -

Најнови вести