Суарес трагичар за Уругвај, Перу ги искористи пеналите (видео)

Перу е во полуфиналето на Копа Америка откако ја елиминираше репрезентацијата на Уругвај во пенал-рулетот со 5-4. Суарес е трагичар за Уругвајците по промашениот обид, кој му го одбрани голманот Галесе во првата пенал-серија, додека избраниците на Гарека беа перфектни во ударите од белата точка, откако во  регуларните 90 минути не можеше да се одреди противникот на Чиле во полуфиналето.

Уругвајците ќе жалат и за поништените два гола кои ги постигнаа Кавани и Суарес во вторите 45 минути. Голгетерот на ПСЖ во 60-тата минута постигна нерегуларен гол, додека ѕвездата на Барселона го стори истото во 75-тата минута, а славењето и во двата случаи беше залудно.

https://www.dailymotion.com/video/x7c5xx5

 

- Оглас -

Најнови вести