Суарез се збогува со Атлетико а можен е кам-бек во клубот кај што ги имаше најголемите успеси

Луис Суарез го одигра својот натпревар како играч на Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“. Уругвајскиот напаѓач на крајот од сезоната како слободен агент ќе си замине од оваа екипа, откако беше одлучено да не му биде продолжена соработката.

Суарез дојде од Барселона исто така за беспари а интересно е тоа што се споменува евентуален кам-бек во каталонскиот великан. Реализацијата на сето тоа зависи од најавеното засилување Роберт Левандовски, односно ако не успее Барса да го доведе ова лето, тогаш втората опција е токму Уругваецот.

35-годишниот напаѓач за Барса одигра 191 натпревар и постигна 141 погодок а играше во периодот од 2014 до 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести