Судиите и ВАР спречија епска победа на Ривер, Палмеирас е прв финалист (Видео)

Палмеирас е прв финалист во Копа Либертадорес, но за пласманот таму треба да им се заблагодари на судиите на терен и во ВАР-собата бидејќи ги спасуваа во две спорни ситуации. Бразилците првиот меч во Буенос Аирес го добија со 3-0 и веројатно мислеа дека е готово, но синоќа по првото полувреме Ривер плејт водеше со 2-0.

Во 52-рата минута аргентинскиот тим дади трети гол, но после ВАР, судиите го поништија поради наводен офсајд. Дваесетина минути подоцна, еден играч на Ривер доби црвен картон, но гостите продолжија да напаѓаат, беше досуден и пенал за Ривер, но по прегледување на ВАР, пеналот сепак оправдано беше поништен. Аргентинците и со играч помалку беа подобри, но Палмеирас по 20 години, повторно ќе игра во финалето на Копа Либертадорес. Големото финале за првак на Јужна Америка ќе се игра на „Маракана“ во Рио.

Вториот финалист ќе се знае доцна вечерва, откако Сантос и Бока јуниорс ќе го играат второто бразилско-аргентинско полуфинале. Првиот меч заврши без голови.

Ова е третиот гол на Ривер, кој беше поништен поради некаков офсајд во раната фаза од акцијата:

- Оглас -

Најнови вести