Англиските судии Ентони Тејлор и Мајкл Оливер ја добија довербата од УЕФА да ја делат правдата на првите два четвртфинални меча на ЕП 2024. Најдобриот англиски судија Тејлор ќе биде главен на европската класика меѓу Шпанија и Германија. Помошници ќе му бидат сонародниците Гари Бесвик и Адам Нун, а во ВАР-собата ќе бидат Стјуарт Атвел (Англија), Бартош Франковски (Полска) и Масимилијано Ирати (Италија).
Дуелот меѓу Португалија и Франција му е доделен на Оливер, а асистенти ќе му бидат Стјуарт Бурт и Дан Кук. Во ВАР-собата главен ќе биде Холанѓанецот Пол ван Бекел.
Интересно е дека токму двајцата англиски судии се арбитри со најмалку доделени картони. Тејлор додели само три жолти картони, а Оливер еден повеќе.
🟨 Only Anthony Taylor (3) has shown fewer cards at #EURO2024 than Michael Oliver (4).
🇬🇧 Both British referees will be in action in the quarterfinals.
Anthony Taylor for Spain vs Germany
Michael Oliver for France vs PortugalDid someone say under cards 👀 pic.twitter.com/LvLRpaii1P
— oddschecker (@oddschecker) July 3, 2024