Судија не му дозволи на лекар да му помогне на повреден играч, му даде и жолт картон (Видео)

Луда сцена имаше на синоќешниот натпревар од турската втора лига помеѓу Анкарагучу и Кечиоренгуџу. Еден фудбалер на Анкарагучу лежеше на трева и чекаше лекарска помош, но судијата не дозволи такво нешто.

Судијата му покажуваше на лекарот да не влегува на теренот, а откако клупскиот доктор сепак дојде во близина на повредениот играч, судијата го враќаше назад и за непослушноста му покажа жолт картон.

Инаку, фудбалерот навистина беше повреден, брзо по оваа сцена ја напушти играта.

- Оглас -

Најнови вести