Судија со око соколово му донесе Конференциска лига на првиот европски шампион од Источна Европа (Видео+Фото)

Унгарскиот судија Тамаш Богнар имаше око соколово и виде чист пенал за Стеауа што тешко се забележува, а Романците ја искористија ситуацијата и од пенал во 94-тата минута го елиминираа норвешкиот Викинг за настап во Конференциската лига на УЕФА.

Богнар покажа на белата точка по задоцнетиот старт на домашен фудбалер над играч на Стеауа, или ФЦСБ како што сега се нарекува романскиот гигант.

Радуновиќ беше прецизен од белата точка, а Стеауа победи на гостувањето со 3:1 и со вкупен резултат од 4:3 се пласира во фазата по групи во најслабото по ранг европско натпреварување.

Моментот што го одлучи двомечот меѓу ФЦСБ и Викинг можете да го погледнете ОВДЕ.

Стеауа е првиот европски шампион од Источна Европа со освојување на титулата во 1985/86 со победа против Барселона на пенали во финалниот меч.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести