Судијата беше „покосен“ во Приштина, снема струја, се играа 27 минути судиско продолжение (Видео)

Натпреварот помеѓу Дрита од Косово и Викторија П’лзењ од Чешка, кој им припадна на гостите благодарение на гол од пенал во 23-тата минута од судиското продолжение, имаше и други необични ситуации освен тоа што мечот траеше многу подолго од вообичаеното.

Во финишот на првото полувреме, судијата Јакоб Сундберг беше покосен на тревата со старт на фудбалер на Дрита, па дуелот на кратко мораше да биде прекинат и да се санира повредата на арбитерот. Во второто полувреме, на стадионот во Приштина имаше проблем со струјата, па рефлекторите престанаа да светат. Паузата додека да се реши проблемот беше прилично долга, затоа и судијата покажа 18 минути продолжение по регуларните 90.

Продолжението траеше 27 минути затоа што во судиското продолжение паѓаа голови, едниот, оној на Чесите од пенал, а имаше и црвен картон и прекини, па 18-те минути беа малку и се играа девет повеќе.

Еве како изгледаше „фаулот“ над судијата:

- Оглас -

Најнови вести