Судијата кој го скрати натпреварот па ги враќаше играчите од соблекувалните, одлучи да се пензионира

Турскиот судија Халис Озкаја, одлучи да стави крај на кариерата, откако во петокот направи катастрофална грешка.

Тој на мечот меѓу Газијантеп и Касимпаша даде продолжение од девет минути, а по истеткот на четвртата означи крај, но, ја сфати грешката па ги враќаше фудбалерите од соблекувална.

Сепак, од морални причини познатиот турски арбитар одлучи да ја прекине кариерата, иако важеше за еден од најдобрите во оваа земја.

Озакаја е носител на ФИФА знакче од 2009 година, но, очигледно по ваквата голема грешка и притисокот од жестоката турска јавност, тој одлучи дека е време за крај.

- Оглас -

Најнови вести