Судијата кој го судеше суперкупот Челзи – Вилјареал, „патосиран“ на дербито од руската лига (Видео)

Дербито на руската Суперлига помеѓу Локомотив Москва и Зенит, се случи една смешна ситуација, во која во главна улога беше најдобриот руски судија Сергеј Карасев. Арбитарот кој делеше правда и на ЕВРО 2020, а пред неколку дена го судеше и европскиот Суперкуп помеѓу Челзи и Вилјареал, беше „фаулиран“ откако се најде во сендвич помеѓу двајца фудбалери.

Карасев мина без повреда, а после ова, тој досуди по еден пенал за двата тима.

Погледнете како изгледаше необичната случка:

- Оглас -

Најнови вести