Судијата Монтеро и ВАР му прогледаа низ прсти на Парехо: Може ли овој недосуден пенал да биде клучен? (видео)

Реал Мадрид е на тешки маки во дуелот против Вилјареал бидејќи се најде во резултатска негатива по само 20 минути игра откако Пино заби во корист на гостите.

За да се одбрани титулата, потребно е Кралевите да ги освојат трите бода во овој меч, а воедно да остане резултатот 1-0 во корист на Валјадолид во мечот против Атлетико, кој и во ваква ситуација е лидер.

Кралевите се чувствуваат оштетени при една спорна ситуација во 26-тата минута. Бензема се бореше да ја освои топката во противничкиот шестнаесетник, па во мешаницата таа заврши во раката на Дани Парехо, меѓутоа немаше реакција од судискиот тим, а ниту од ВАР.

Погледнете го спорниот момент кој може да се покаже како клучен во неизвесната битка за титулата во Шпанија. ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести