Судијата на Атлетико – Реал е навивач на Барселона!?

Судија Алехандро Ернандес Ернандес кој ја делеше правдата на дербито меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, сам признал дека е навивач на Барселона. Ова го пишува весникот „Ас“, а како доказ го нуди интервјуто на Ернандес Ернандес направено на 11 јули 1994 година.

Пред 26 години, Алехандро имал само 11 години и тогаш зачекорувал во фудбалското судење. Во тоа интервју, Ернандес Ернандес вели дека негови омилени играчи му се Ромарио и Михаел Лаудруп, кои во тој период беа главни ѕвезди во Барселона. Тогашниот млад судија додал дека мечтае да му суди на каталонскиот гигант и тоа на „Камп Ноу“.

Ернандес Ернандес вчера беше во центарот на вниманието по неговата одлука пред крајот на првиот дел да не досуди пенал за Реал Мадрид, по играње со рака на еден играч на Атлетико Мадрид. Спорниот момент може да го погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести