Судијата признал дека голот на Манчестер сити е од офсајд

Манчестер сити ја задржа челната позиција во англиската Премиер лига откако со 3-1 го победи Ватфорд. По првиот дел немаше погодоци и „граѓаните“ едноставно се мачеа да го скршат отпорот на гостите. Тоа се случи во 46-тата минута, кога погоди Стерлинг. Во следните 13 минути истиот играч даде уште два гола и комплетираше хет-трик. Сити на крајот победи со 3-1.

И покрај убедливиот триумф, еден спорен момент беше клучен. На почетокот на второто полувреме судијата Пол Тирни не успеа да забележи дека погодокот на Стерлинг е постигнат од офсајд-позиција. Гостинските играчи протестираа, но залудно. Погодокот на Сити беше признат, а потоа „граѓаните“ многу полесно стигнаа до уште два гола.

Англиските медиуми пишуваат дека по завршување на мечот, судијата Тирни ја погледнал спорната ситуација и веднаш се фатил за глава признавајќи дека згрешил. Во Премиер лигата уште не се користи ВАР-системот, па затоа уште се случуваат вакви катастрофални грешки.

- Оглас -

Најнови вести