Судијата што ќе ја дели правдата меѓу Барса и Реал редовно покажува црвен картон на Ел Класико

Алехандро Хосе Ернандес ќе ја дели правдата на презакажаното дерби Ел Класико кое ќе се игра на 18 декември на Камп ноу. Шпанскиот арбитер по четврти пат ќе ја има честа да го суди дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид, а познат е по тоа што досега во трите претходни наврати покажуваше црвени картони, од кои два му ги додели на капитенот на Кралевите, Серхио Рамос.

Ернандес досега судеше во три меча меѓу шпанските гиганти, кои завршија со различен исход – По една победа за Барса и Реал, а еден меч заврши без победник.

Првиот негов настап на Ел Класико се памети по триуфмот на Кралевите на „Камп ноу“ со 2-1 благодарение на погодокот на Бејл во финишот од мечот, а црвен картон му покажа на Рамос.

Во сезоната 2016/17, Ернандес го судеше дербито во Мадрид, Барса славеше со 3-2 преку Меси и неговиот гол во судиското надополнување, а Рамос повторно се најде на списокот исклучени играчи поради картони.

Во ремито од 2-2 кое се одигра на „Камп ноу“, Ернандес му покажа директен црвен картон на Серхи Роберто.

Знаејќи дека во дуелите меѓу двата лути ривали редовно има драма и тензија, нема да биде изненадување доколку Ернандес повторно исклучи играч, а секако на пик ќе му биде диригентот на одбраната на Реал.

- Оглас -

Најнови вести