Судијка погодена со топка в лице, не можеше да престане да плаче (Видео)

На натпреварот од шпанската женска лига помеѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао, судијката Сара Фернандес беше нокаутирана откако по еден шут на фудбалерка на баскискиот тим, топката случајно заврши во нејзиното лице. Сара падна на тревникот и почна да вика од болки. Не можеше да го заврши мечот кој беше при крај.

Лекарите на двата тима притрчаа да помогнат, судијката по неколку минути застана на нозе. Реал победи со 1-0, а финишот на средбата го водеше четвртата судијка Сандра Гонзалес.

Ова е снимка од непријатниот удар кој го доби судијката:

- Оглас -

Најнови вести