Судир на титаните: Ембид го доби дуелот со Јокиќ, а потоа му призна на Џокер дека е најдобар (Видео)

Утринава за првпат сезонава еден против друг играа двајцата најдобри центри во НБА-лигата, Никола Јокиќ и Џоел Ембид, а на крајот се радуваше Камерунецот бидејќи неговата Филаделфија славеше со 126:121 против Денвер.

Ембид имаше подобар учинок, 41 поен и 10 асистенции, додека Јокиќ постигна 25 поени и имаше 19 скока. По мечот, Ембид му рече на Јокиќ дека е најдобар играч во НБА-лигата бидејќи има титула и е МВП на финалната серија.

Ембид, кој е актуелен МВП на регуларниот дел од сезоната, 18-ти натпревар по ред постигнува 30 или повеќе поени, што е шеста најдолга серија во историјата на НБА-лигата притоа надминувајќи го легендарнио Елџин Бејлор.

Феникс санс успеа да надомести негатива од 22 поени и на крајот да слави со 119:117 против Сакраменто кингс. Херој на Сонцата е Грејсон Ален, кој постигна рекордни за клубот девет тројки и ги предводеше соиграчите во последната четвртина во серијата 23:4, со која успеаја даа направат пресврт.

ЛА клиперс благодарение на фантастичната партија на Пол Џорџ и неговите 38 поени, го совлада тимот на Оклахома сити тандерс со 128:117.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести