Судиската комисија на ФФМ го пофали судењето на дербито Шкендија – Шкупи

Судиската комисија ги разгледа спорните моменти од 32-рото коло на Првата македонска фудбалска лига и донесе заклучок дека судиите на чело со Александар Ставрев и помошниците Дејан Костадинов и Гоце Петрески одлично ја завршиле работата на дербито во Тетово помеѓу Шкендија и Шкупи.

„Како Судиска комисија упатуваме честитки за одличната арбитража и менаџирање на целата судиска четворка на овој исклучително тежок натпревар“, објавија од Комисијата.

За досудениот пенал, судиската комисија објави дека бил оправдан и дека Ставрев донел правила одлука.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести