Судиските стручњаци во Шпанија едногласни дека Суарес го одглумил пеналот (Видео)

Атлетико Мадрид го победи Еибар со 2-1 со двата гола на Луис Суарес, но немало пенал врз Уругваецот во финишот на средбата, сметаат судиските аналитичари, кои по секој меч даваат свое мислење за спорни моменти при арбитражата. Стручњаците сметаат дека Суарес се фрлил во 16-никот и по прегледување на снимката, требало судијата Мелеро Лопес да ја смени одлуката и да не им додели пенал на Јорганџиите.

Гостите сепак изведоа пенал, Суарес атрактивно со „Паненка“ го совлада Дмитровиќ и го зацврсти првото место на Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести