Судот во Белград пресуди: Ѓоковиќ не ги лажирал ПЦР тестовите во декември

Судот во Белград ја отфрли пријавата од пред десетина дена дека ПЦР тестовите на Новак Ѓоковиќ се лажни и објави дека тестирањата на светскиот тениски ас на 16 и на 22 декември се валидни.

Пријавата стигнала преку електронска пошта од лицето Будимир Гром, а се однесува на кривично дело, фалсификување на документи. Во пријавата било наведено дека непознати лица направиле фалсификувана потврда за извршен ПЦР тест, што наводно потоа ја искористил Ѓоковиќ за да бара дозвола за влез во Австралија.

Судот ја отфрли пријавата на Гром како неточна и објави дека Ѓоковиќ има валидни ПЦР тестови на 16 декември и потоа и на 22 декември.

Спорно е што Новак на 17 декември бил во тениски комплекс да им доделува награда на деца, а следниот ден на 18 ноември имал и интервју со новинар на „Франс прес“.

Тоа би значело дека знаел дека е позитивен на ПЦР тестот што го направил на 16 декември, а сепак се движел меѓу луѓе, што е забрането бидејќи морал да биде во карантин.

Сега сè уште не се знае кога Ѓоковиќ ги добил резултатите од ПЦР тестот направен на 16 декември.

Потоа следува веќе познатата десетдневна драма во Мелбурн, со епилог што беше неповолен за Ѓоковиќ, кому му беше укината првично дадената виза и беше депортиран од Австралија, без можност да игра на тенискиот гренслем Отворено првенство на Австралија.

 

- Оглас -

Најнови вести