Судот за спортска арбитража ја потврди одлуката на УЕФА за руските клубови, нема надеж ниту за настап на репрезентацијата во баражот за СП

Судот за спортска арбитража, CAS, ја потврди одлуката на УЕФА да им забрани на руските клубови да играат во европските купови, што најмногу го погоди Спартак Москва, тим кој е исфрлен од Лигата на Европа и нема да игра во осминафиналето.

Ќари Лајпциг, кој е прв четвртфиналист во ЛЕ, а денешната одлука на CAS е најава дека и одлуката на ФИФА да ја исфрли руската репрезентација од баражите за настап на Мундијалот во Катар ќе биде иста.

Тука ќе искористи Полска, селекција што требаше да гостува во Москва на 24 март и да игра елиминиациски бараж против Русија.

Одлуката на Судот за спортска арбитража што е конечна речиси сигурно ќе биде дека Русија ќе биде елиминирана, па Полска ќе игра само еден бараж за настап на Мундијалот, против победникот од дуелот Шведска и Чешка, закажан за 24 март.

Полјаците, патем, ќе бидат и домаќините во последниот филтер за пат во Катар, а ќе играат против Швеѓаните или Чесите во Варшава на 29 март.

 

- Оглас -

Најнови вести